Данецот Вингегард е  победник на најпрестижната велосипедска трка „Тур де Франс“

Јонас Вингегард е победник на овогодинешното издание на Тур де Франс/фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Данскиот велосипедист Јонас Вингегард, за првпат во кариерата е победник на најпрестижната трка „Тур де Франс“.  Победникот беше познат и пред последната етапа екипа се возеше низ улиците на Париз, а целта беше на Елисејските полиња, а последната 21. етапа му припадна на Белгиецот Јаспер Филипсен.

Вингегард е првиот Данец кој победил на најпрестижната велосипедска трка во светот по Бјарне Рис во 1996 година. Данецот на кракот триумфира со време од 79 часа, 33 минути и 20 секунди, што беше за 2,43 минути подобро време од двократниот победник, Словенецот Тадеј Погачар. Третото место во генералниот пласман му припадна на Британецот Герејнт Томас со седум минути и 22 секунди заостаток зад победникот Вингегард.


На последната етапа која беше долга 115,6 километри славеше Филипсен со време од 2:58.32 часа, а на неа традиционално не се напаѓа времето на победникот на „Тур де Франс“. Второто место го зазеде Холанѓанецот Дилан Груневеген, а третото Норвежанецот Александар Кристоф.

Белата маичка за најдобар млад велосипедист ја доби Погачар, додека најдобар на алпските етапи беше Вигегард. Зелената маичка која се доделува за велосипедистот со највеќе поени ја доби Белгиецот Ваут ван Арт кој е прогласен и за најборбен велосипедист, а најдобар тим е Инеос Гренадирс со 480 освоени бодови.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот