Данците се сè побогати, просечно семејство има нешто повеќе од 16 милиони денари

На крајот од тешката 2020 година, спротивно на очекувањата Данците располагаат со поголемо финансиско богатство отколку пред пандемијата, јави Блумберг.

Нето финансиските активи на домаќинствата во скандинавската држава се 5,66 трилиони круни или 930 милијарди долари на крајот од третото тримесечје од годинава. Тоа се податоци од Централната бакна на Данска.

Во изминатите две тримесечја финансиското богатство на Данците се зголемило за вкупно 709 милијарди круни.

Тоа успеа да го надомести падот во првите три месеци од годината од 541 милијарди, кој беше предизвикан најмногу од загубите на берзата.

Финансиската состојба на просечното домаќинство во Данска е околу две милиони круни, што е од прилика 16 милиони денари, но многу семејства сè уште имаат помалку од тоа. На нееднаквата распределба укажуваат и пензиските заштеди – околу 43 отсто од нив се кај околу 10 отсто од населението.

Прочитајте и...  Сотировски – Гир: Меѓуверските односи во државата се стабилни и квалитетни

Според финансиската институција, богатството на луѓето во Данска повторно ќе продолжи да расте во последниот квартал на 2020 година. Централната банка очекува ова да помогне во надминување на негативниот ефект од новото заклучување во земјата поради зголемениот број новозаразени со ковид-19.

Извор:МИА

Поврзани вести

ООН: Во Мјанмар денес беа убиени 38 лица и тоа е „најсмртоносниот“ ден од пучот

Илинка Иљоска

Снимка со дрон ги покажува сите последици од разорниот земјотрес во Грција

Илинка Иљоска

Средба на руски Сухој и два американски бомбардера над Балтикот

Слободен печат

Критички извештај на Стејт департментот: Организираниот криминал во Албанија пере пари и придонесува во корпцијата

Слободен печат

Спутник V стана „јаболко на раздорот“ во словачката влада

Слободен печат

Интерпол: Во Кина и Јужна Африка запленети стотици лажни вакцини против ковид-19

Слободен печат

Остави Коментар