Дамјан Стојановски прогласен за МВП во финалната серија

Перо Антиќ му го додели МВП признанието на Дамјан Стојановски („МЗТ Скопје Аеродром“/фото: kfsm.mk

Капитенот на кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје Аеродром прикажа константно добри игри во битката за шампионската титула.

Трофејот за најкорисен играч (МВП), кој го додели Перо Антиќ, претседателот на Македонската кошаркарска федерација, отиде во рацете на капитенот на победничката екипа на МЗТ, Дамјан Стојановски.

Предводникот на ново-стариот шампион, имаше константно добри игри во текот на финалето, во голема мерка од неговата игра зависеа оние почетни две победи, реализирани во СЦ „Јане Сандански“, каде предизвикувачот, екипата на Пелистер, беше и најблиску до изненадување.

Неговата најдобра игра беше на премиерниот меч од серијата, кога реализираше 16 поени, пет скокови и две асистенции.

На онаа наредната пак Д. Стојановски дојде до 23 индексни поени, најмногу во својата екипа откако на 13 поени додаде и шест скока, односно четири успешни додавања.

По петти пат најкорисен во едно големо финале на македонската клупска кошарка, уште еден момент за историја.

МЗТ Скопје Аеродром ја слави 11 титула шампион на Македонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот