„Дамата со ладало“: Ремек-делото на Густав Климт продадено за неверојатни 85.3 милиони фунти

Фото: Instagram/ Sotheby's

Сликата на познатиот Густав Климт,  „Dame mit Fächer“ („Дамата со ладало“) е продадена за неверојатни 85.3 милиони фунти, на аукцијата на „Сотби“ ( Sotheby’s), со што стана највредното уметничко дело продадено на аукција во Европа, пишува „Гардијан“.

Последното ремек-дело на покојниот австриски сликар, ги надмина сите очекувања, бидејќи се проценуваше во вредност од 65 милиони фунти, а со ова постави нов рекорд за уметникот.

Аукциската куќа соопшти дека по десет минути наддавање меѓу четворицата љубители на уметноста, делото било продадено на колекционер од Хонг Конг.

„Dame mit Fächer“ („Дама со ладало“) / Фото: Painters / Alamy / Alamy / Profimedia

Инаку, конечната сума од 85,3 милиони фунти, ја надмина и сумата од 65 милиони фунти која беше постигната на аукцијата во 2010 година, за скулптурата на Алберто Џакомети со наслов, „L’homme qui marche I“ („Човекот што оди I“).

Сликата ја започнал во 1917 година, и е изведена во карактеристично богатиот експресивен стил на Климт. Како и во поголемиот дел од неговата работа, и во оваа слика се чувствува влијанието на источна Азија врз Климт – не само поради ладалото во рацете на жената, туку и поради мотивите со митолошката птица феникс и цветовите со лотос.

Невообичаено, таа е насликана на платно во форма на квадрат, со големина од приближно еден метар во висина и ширина. За разлика од најпознатите портрети на уметникот, ова дело не било нарачка, што значи дека, најверојатно, било насликано за негово задоволство.

„Последното ремек-дело“ на Густав Климт се очекува да биде продадено за 65 милиони фунти

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот