Фото: EPA/ANTONIO BAT

Хрватскиот селектор Далиќ го објави списокот за Светското првенство

Селекторот на фудбалската репрезентација на Хрватска Златко Далиќ го објави списокот на играчи на кои ќе смета за претстојното Светско првенство, кое е на програмата за помалку од еден месец во САД, Мексико и Канада.

Голмани: Доминик Ливаковиќ, Доминик Котарски и Ивор Пандур.

Одбрана: Јошко Гвардиол, Дује Чалета-Цар, Јосип Шутало, Јосип Станишиќ, Марин Понграчиќ, Мартин Ерлиќ и Лука Вушковиќ.

Среден ред: Лука Модриќ, Матео Ковачиќ, Марио Пашалиќ, Никола Влашиќ, Лука Сучиќ, Мартин Батурина, Кристијан Јакиќ, Петар Сучиќ, Никола Моро и Тони Фрук.

Напад: Иван Перишиќ, Андреј Крамариќ, Анте Будимир, Марко Пашалиќ, Петар Муса и Игор Матановиќ.

Хрватска ќе се натпреварува во групата Л, а Мундијалот ќе го отвори против репрезентацијата на Англија (17 јуни). Шест дена подоцна ќе играат против Панама, додека последниот меч во групата е закажан за 27 јуни против Гана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот