Дали знаете што значи „делулу“ или „скибиди“? Во речникот на Кембриџ додадени нови изрази популарни на Тикток
Илјадници нови зборови, вклучувајќи го и популарниот сленг на социјалните медиуми ќе бидат додадени во престижниот речник на Кембриџ оваа година, пренесуват странските медиуми.
Препорачано
Еден од најпочитуваните и најшироко користени извори за учење и разбирање на современиот англиски јазик, познат по своите прецизни дефиниции и следење на јазичните промени, ги додаде изразите како „скибиди“ (skibidi) и „делулу“ (delulu) на своите страници.
Практиката на работа од дома, популарна по пандемијата на ковид, го донесе новиот термин „маус џиглер“ (mouse jiggler -симулатор на активност на компјутерски глушец), додека растечката загриженост за климатските промени доведе до воведување на терминот „форевер кемикал“ (forever chemical).
Според речникот на Кембриџ, терминот „скибиди“ може да значи „кул“ и „лош“, но може да се користи и без специфично значење, како што е реченицата: „Што правиш, скибиди?“.
Ако не сте запознаени, терминот потекнува од Грузија, а неговиот творец е Алексеј Герасимов. Сè започна со јутјуб-серијата „Skibidi toilet“, која прикажува дистописка иднина „заглавена“ во бизарна војна на луѓе кои имаат камери, звучници, телевизори или тоалети наместо глави. Необичната серија го доживеа врвот на популарноста во последните години и стана опсесија на најмладата генерација.
„Интернет сцената го менува англискиот јазик и фасцинантно е да се набљудуваат овие промени и да се вметнат во речникот“, рекол Колин Мекинтош, раководител на програмата за лексикографија.
Друга новина е „тревајф“ (tradwife), кратенка од „traditional wife“, што значи „мажена жена која останува дома, готви, чисти и се грижи за децата“ – а во исто време „објавува содржина на социјалните мрежи“.
Речникот ја вклучува и кратенката „делулу“ (delulu), од „delusional“ (заблудувачки), и ги опишува оние кои веруваат во работи што не се реални, едноставно затоа што сакаат да бидат.
Исто така, беа вметнати термините „сопруга од работа“ (work wife) и „сопруг од работа“ (work spouse), што означуваат колеги на работа меѓу кои постои посебна доверба и секојдневна поддршка – слична на онаа во брачна врска, но без емотивна или романтична врска.


