Дали Спасовски и Заев прекршиле закони кога издавале пасоши со старото уставно име, Обвинителство уште собира информации

Основно јавно обвинителство - зграда / Фото: "Слободен печат" / Драган Митрески

Во големата граѓанска дебата на социјалните мрежи околу хаосот со личните документи се издвојува темата зошто МВР до јуни 2021 година на граѓаните им издаваше пасоши со старото уставно име Република Македонија, кога името на државата е променето уште од 2019 година и кој ќе ја понесе одговорноста што државата издавала такви документи?

Од Обвинителство сè уште немаат одговор на ова прашање.

Освен за нарушената слобода на движење, граѓаните дебатираат и зошто институциите не биле потранспарентни во врска со крајниот рок на важност на возачките дозволи и сообраќајните дозволи и револтирано бараат одговорност.

Фејсбук статус на адвокатот Владимир Туфегиќ / фото: принтскрин

„Слободен печат“ го праша Јавното обвинителство дали постапува во врска со хаосот што настана со личните документи, дали разгледуваат кои закони се прекршени, кои овбластувања се пречекорени, дали има злоупотреба на службената полоба, дали има непостапување итн…

– Согласно своите законски надлежности, Јавното обвинителство постапува во услови кога постојат сомненија дека се исполнети обележјата на конкретно кривично дело – ни одговорија од ЈО.

Прашавме и што се случи со кривичната пријава што еден граѓанин ја пушти во ЈО пред шест месеци против поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски за тоа што по 2019 година издавале пасоши со старото уставно име, од ЈО ни одговорија:

– Во однос на кривичната пријава за која покажувате интерес, надлежниот јавен обвинител побара информации од соодветни институции.

Граѓанката Олгица Трајковска пред шест месеци ја извести јавноста дека во Основното јавно обвинителство поднела кривична пријава против Спасовски и Заев за злоупотреба на службената положба и овластување поради неизвршување на службените должности за усогласување на документите од страна на јавната администрација, а за Спасовски и за пречекорување на службените овластувања.

Кривични против Спасовски и Заев поради личните карти

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот