Стручњак откри: Дали пилешката супа навистина е лек за настинка или е само мит?

Фото: Jakub Kapusnak/ Negative space

Истражувањата покажуваат дека вкусот е клучен за лековитите својства на пилешката супа. Пациентите со болести на горниот респираторен тракт генерално јадат помалку или воопшто не јадат, бидејќи акутните болести предизвикуваат воспалителен одговор кој го намалува апетитот. А, ако не јадеме, не ја внесуваме храната што ни е потребна за да се опоравиме.

Доктор Колби Тиман, диететичар од Универзитето во Дејтон, тврди тврди дека она што ѝ дава посебен вкус на пилешката супа е „умами“, петтата категорија на чувството на вкус, покрај слаткото, соленото, киселото и горчливото. Често се опишува како да има „месен“ вкус.

Како што истакнува д-р Тиман, целата приказна за пилешка супа има многу смисла, бидејќи аминокиселините се градбени елементи на протеините, а аминокиселината глутамат се наоѓа во храната со вкус на „месо“. Меѓутоа, не секоја храна го има овој вкус на месо или живина, го имаат и сирењето, печурките, месото и соја сосот.

Резултатите од истражувањето покажуваат дека „умами“ вкусот, што го има пилешката супа, може да го поттикне апетитот. Учесниците во едно студија изјавиле дека се почувствувале глад по првата лажица супа.

Други истражувања зборуваат дека месниот вкус го подобрува варењето на хранливите материи. Кога нашиот мозок ќе почувствува „умами“ преку рецепторите за вкус на јазикот, телото го активира дигестивниот тракт за полесно да ги апсорбира протеините.

Ова автоматски влијае на намалување на гастроинтестиналните проблеми. Иако повеќето луѓе не ја поврзуваат инфекцијата на горните дишни патишта со стомачните проблеми, истражувањата открија дека кај децата, вирусот на грип ја зголемува болката во стомакот, гадењето, повраќањето и симптоми на дијареја (пролив).

Намалување на воспалението и затнат нос

Воспалението е природна реакција на телото на повреда или болест; воспаление се појавува кога белите крвни зрнца мигрираат во воспаленото ткиво за да помогнат во заздравувањето. Кога овој воспалителен процес ќе се појави во горните дишни патишта, резултира со настинка, а тука веднаш се и затнатиот нос или течење на носот, кивање, кашлање.

Но, ако има помала активност на белите крвни зрнца во носот, ќе се создаде помало воспаление.

Интересно, истражувањата покажуваат дека пилешката супа всушност може да го намали бројот на бели крвни зрнца кои патуваат до воспаленото ткиво. Работи на тој начин што директно ја инхибира способноста на неутрофилите, еден вид бели крвни зрнца, да патуваат до воспаленото ткиво.

Клучни состојки

За вистински да ги разберете смирувачките и лековитите ефекти на пилешката супа, важно е да знаете кои состојки треба да ги користите.

Важно е да се користи пилешко кое му обезбедува на телото целосен извор на протеини за борба против инфекциите. Зеленчукот обезбедува различни витамини, минерали и антиоксиданти. Резанките од тесто се тука за да му дадат на телото јаглехидрати, кои се важни за енергија и побрзо закрепнување.

Ако додадете бибер и лук во супата, овие состојки ќе ја омекнат слузта.

Самата супа е одличен електролит, што е многу важно ако настината личност има температура.

Накратко, најновата наука сугерира дека пилешката супа, иако не е апсолутен лек за настинки и грип, навистина помага во лекувањето.

Се чини дека нашите постари се, сепак, во право.

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот