Млеко во прав/ Фото Paul Rapson / Alamy / Profimedia

Дали „Нектар“ ќе биде новиот сопственик на „Имлек“?

Медиумите изминативе денови неофицијално споменуваа дека се подготвува продажба на компанијата „Имлек“, чиј нов сопственик би можела да стане „Нектар груп“. Како што беше објавено на веб-страницата на синдикалниот портал „Независност“, минатата недела дел од вработените побарале подобри услови за работа и повисоки плати, а заедно со оваа информација беше објавено дека во конкуренција за преземање на „Имлек“ била и француската мултинационална корпорација „Лакталис“, но целата приказна за наводната продажба засега е покриена со тајност, објави Политика.рс.

„Имлек“, најголемата српска млекарница првпат беше продадена во 2003 година на инвестицискиот фонд „Салфорд“. Следната сопственичка промена се случи во 2015 година кога Салфордската „Данјуб фуд груп“ беше купена од инвестицискиот фонд „Mид Eвропа партнерс“ од Лондон. Во тој момент во групата беа вклучени „Имлек“ и „Бамби“ и „Књаз Милош“, како и млекарите „Имлек“ во Република Српска, Македонија и Црна Гора. Во својот инвестициски тим за оваа трансакција „Мид Европа партнерс“ ја собра Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), како и Андреј Јовановиќ како инвеститор и локален партнер на кој, како што тогаш објавија медиумите, му е доверено управувањето со целата групација. Колку е реално дека е на повидок продажбата на „Имлек“ и дали „Нектар“ би бил заинтересиран да влезе во оваа трансакција? Според неофицијални извори, главната причина поради која „Нектар“ би бил заинтересиран да го купи „Имлек“ е продолжувањето на борбата „за полици“.

– „Имлек“ работи насекаде во регионот, а само во Србија кога е во прашање асортиманот држат околу 50 отсто од продажниот простор во овој сектор. Го проширија асортиманот, се свртеа кон секторот хорека, па со купувањето „Нектар“ би добил подобра видливост, брендови и огромна преговарачка моќ – вели Жаклина Стојановиќ, декан на Економскиот факултет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот