Дали Мајли Сајрус конечно стави крај на дрогата и алкохолот?

Instagram

Пејачката Мајли Сајрус проговори за своите проблеми со алкохолот и дрогата, и откри дека конечно решила да се ослободи од овие пороци. Музичката ѕвезда е позната по својот екстравагантен стил на живот, а пред неколку дена го прослави својот 28 роденден.

Мајли неодамна објасни дека морала свесно да ја „спречи“ желбата за консумација на алкохол и дрога за како што вели таа, нејзиното име да не заврши со имињата на другите легендарни пејачи кои го завршија својот живот многу неславно и влегоа во кобниот клуб „27“. На 27-годишна возраст починаа и Џими Хендрикс и Џим Морисон и Курт Кобејн и Еми Вајнхаус…

Instagram
Instagram

Мајли изјави дека минатата година е онаа во која навистина морала да прекине и да го смени својот начин на живот.

Тоа всушност ме натера да се отрезнам, бидејќи изгубивме толку многу икони кои имаа само 27 години. Тоа е многу клучно време“, изјави пејачката.

Instagram
Instagram

Чувствувам дека некои уметници не успеале да ја следат својата моќ и енергија… Тоа е енергија“, изјави Сајрус за странските медиуми.

Пејачката на „Wrecking Ball“, сподели дека веќе шест месеци е трезна, но овој период бил многу предизвикувачки за неа. Нејзиното ново мото било „не збеснувај, само биди љубопитна“, како што открива морала да се научи да не биде лута на себе.

Instagram
Instagram

Сајрус вели дека таа „не е умерена личност“ и појасни дека нејзиниот проблем не е алкохолот, туку последиците од нејзините активности под дејство.

Немам проблем со пиењето, имам проблем со одлуките што ги носам кога сум под дејство… Само сакав да се разбудам 100%, да бидам будна 100% од времето“, вели таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот