Дали крвниот притисок треба да се мери секој ден?

Фото: Profimedia

Постојат многу начини на кои можете да го измерите крвниот притисок надвор од лекарската ординација, но дали тоа значи дека мора да го контролирате откако лекарот ќе го провери? Ако е така, колку често? Еве што мислат кардиолозите за тоа.

Без притисок. Ако сте здрава личност и не земате лекови кои бараат постојана проверка на крвниот притисок, можеби е доволно да го проверите еднаш или двапати годишно. Годишниот преглед кај интернист или гинеколог е сосема доволен број на прегледи. Ако земате лекови и вашиот притисок е стабилен, мора да го проверувате периодично, во зависност од тоа што ќе каже лекарот, но сосема доволно е еднаш или двапати неделно. Ако притисокот не ви е стабилен, тогаш треба да го проверувате еднаш дневно.

Јасни податоци. Целта на проверка на состојбата на притисокот е да знаете правилно да ги читате резултатите, а може да се измери на неколку начини. Ако користите дигитални мерачи на крвен притисок, тие се многу лесни за употреба, иако понекогаш постапката мора да се повтори. Се советува да се користат мерачи за надлактицата, а не за зглобот, бидејќи тие се посигурни. Ако сте го купиле за домашна употреба, препорачливо е да ја чувате сметката, бидејќи резултатите што тој ги прикажува треба да се споредат со оние што ги измерил лекарот, па ако се забележува голема разлика, можеби ќе мора да го замените или да пробате друг модел.

Веродостојни резултати. Кога крвниот притисок го мерите дома, ќе мора и да ги разберете резултатите што ги гледате. Прво, мора да знаете дека постојат два вида притисок. Артерискиот притисок се состои од горниот притисок што го нарекуваме систолен и е резултат на стискање или контракција на срцевиот мускул на левата комора што предизвикува исфрлување на крвта во артерискиот систем, прво во аортата, а потоа и во сите артерии. Овој дел од срцето се нарекува систола, а притисокот што се создава во артерискиот систем се нарекува систолен притисок. Тој е кај возрасен човек во текот на денот најчесто околу вредноста од 120 ммХг, ако е над 140 ммХг, тогаш зборуваме за артериска хипертензија. По завршувањето на систолата, во срцето настапува фазата на полнење на комората, наречена дијастола. За време на дијастолата додека срцето се полни, притисокот во артериите постепено опаѓа од максималните вредности постигнати во систолата и на крајот на дијастолата најчесто достигнува вредност од околу 80 ммХг. Овој притисок се нарекува долен или дијастолен, тој никогаш не паѓа на нула, бидејќи артериите имаат мускулен ѕид кој, кај жив човек, има напнатост или тонус и го задржува најнискиот притисок на вредностите од 60-90 ммХг, а ако е над 90 ммХг, тогаш станува збор за артериска хипертензија, објаснуваат кардиолозите. Ако резултатите од вашето мерење не се совпаѓаат со овие податоци, можеби ќе треба да ги повторите или да се јавите кај вашиот лекар.

Бројките се важни. Контролата на крвниот притисок е од помош, но само кога се прави правилно, бидејќи во спротивно само ќе се изложите на стрес, што на крајот може да влијае на зголемувањето на крвниот притисок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот