Дали Ема Вотсон тајно се сврши откако ја опиша општествената принуда за брак како „насилство и суровост“?
Откако Џ. К. Роулинг, остро ја искритикува, ѕвездата на „Хари Потер“, Ема Вотсон се појави со широка насмевка и блескав дијамантски прстен на Модната недела во Париз. Дали актерката Ема Вотсон тајно се свршила, откако претходно ја опиша општествената принуда да се стапи во брак како „насилство и суровост“ врз жените?
Минатата недела авторката на „Хари Потер“, Џ. К. Роулинг, ја „нападна“ Ема Вотсон, нарекувајќи ја „неинформирана и неважна“ поради нејзините ставови за правата на трансродовите лица. Сепак, Ема во понеделникот пристигна на Модната недела во Париз со широка насмевка, пишува „Дејли Мејл“.
Препорачано
Она што многумина го забележаа беше дијамантскиот прстен па многумина помислија дека можеби причината за среќата се наоѓа на нејзината лева рака.
Актерката, која има 35 години и која ја играше улогата на Хермиона Грејнџер во филмовите за „Хари Потер“, носеше впечатлив, винтиџ прстен со голем дијамант на прстот на кој вообичаено се носи свршенички прстен и изгледаше невообичаено расположена да поминува време пред камерите пред ревијата на „Миу Миу“ во Париз.
Нејзиното момче е Киран Браун, кого го запознала додека студирала магистерски студии по креативно пишување на Универзитетот Оксфорд, каде тој работи на својот докторат. Се претпоставува дека се во врска повеќе од една година.
Минатиот месец Ема ја опиша општествената принуда за брак како „насилство и суровост“ врз жените.
Но, во поткастот со Џеј Шети додаде:
„Се надевам дека тоа ќе ми се случи, но не сметам дека имам право на тоа. Тоа или ќе биде дел од мојата цел и судбина, или нема да се случи.“
Откако беше критикувана од Роулинг како разгалена филмска ѕвезда, актерката се обиде да ја покаже својата поскромна страна, пристигнувајќи на ревијата на „Миу Миу“ возејќи велосипед.
Роулинг изјави дека јавната критика од страна на Вотсон за нејзините ставови за родот „долила масло на огнот“ на злоупотребите што ги трпела.
Роулинг претходно се заколна дека „никогаш нема да им прости“ на Ема, Даниел Редклиф и Руперт Гринт што „се приклониле кон движење кое има цел да ги поткопа тешко освоените права на жените“. Но никогаш досега немала толку лична критика кон жената што ја направи славна.
Роулинг тврдеше дека неодамнешната изјава на Ема, дека сè уште ја „цени“, била циничен обид да ја ублажи својата позиција откако сфатила дека „отворената осуда“ на Роулинг повеќе не е толку „во мода“.
Во понеделникот, во свое соопштение, Роулинг изјави дека тројцата актери „имаат целосно право да ја прифатат идеологијата за родов идентитет“, но ги нападна затоа што ја користат својата врска со Хари Потер како „де факто портпароли на светот што јас го создадов“.


