Дали би ги купиле најбараните чевли во светот? Имаат чуден изглед и чинат 650 евра!

Фото: Maison Margiela

Апликацијата за купување што ја користат повеќе од 200 милиони луѓе во светот „Лист“ (Lyst), објави листа на најпопуларните модни брендови и производи на пазарот, а според нивното рангирање за третиот квартал од 2023 година, највирален производ се балетанките Теби од брендот Мејсон Марџиела (Maison Margiela).

Балетанките во стилот на Мери Џејн, кои се хит оваа година, чинат 650 евра, а Лист објави дека побарувачката за овие чевли во септември се зголемила за 342 отсто.

Имено, чевлите станаа хит на TикTок во септември, а тоа е поради една љубовна приказна со несреќен крај. Станува збор за виралната приказна „Теби Свајпер“ (Tabi Swiper), која ја преплави социјалната мрежа неколку дена на почетокот на септември.

@nextlevellexuss Girls and gays of TikTok please get to work 😭 #nycdating #tinderhorrorstories #hingedating #margielatabis #nyc#greenscreen ♬ bad idea right? – Olivia Rodrigo

Имено, еден дечко од Њујорк ја поминал ноќта со жена која ја запознал на Тиндер и потоа наводно ѝ ги зел балетанките Теби, но подоцна ѝ ги вратил. Во меѓувреме се појавила приказна дека тој ѝ ги подарил балетанките на неговата девојка, а жената раскажала сѐ на ТикТок и така собрала милиони прегледи.
Приказната ги заинтересирала 178 милиони тиктокери, а побарувачката за конкретните чевли експлодирала, па така балетанките со необичен изглед влегле во модната историја.

Фото: Инстаграм/ Volume Two

Инаку, според рангирањето на Лист, најпопуларен светски бренд е „Миу Миу“ (Miu Miu), додека „Лоу“ (Loewe) паднал на второто место. Покрај балетанките на Марџиела, на листата на „најжешки“ производи минатиот квартал се најдоа и моделот на „Најк“ (Nike x Martine Rose Shox MR4), флип-апостолките Birkenstock Arizona, чевлите Tory Burch со „пирсинг“, патиките New Balance 550 и салонките на Прада украсени со 3Д цвет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот