Дакота Џонсон ќе глуми во адаптација на „Netflix“ за книга на Џејн Остин

epa-efe
epa07955552 US actress Dakota Johnson poses on the red carpet prior to the 11th Annual Governors Awards at the Dolby Theater in Hollywood, California, USA, 27 October 2019. EPA-EFE/NINA PROMMER

Американската актерка Дакота Џонсон ќе ја има толкува главната улога во адаптацијата на „Netflix“ за книгата „Persuasion“ од култната Џејн Остин, пишува „Variety“.

Филмот ќе се снима под режисерската палка на Кери Кракнел и тоа ќе биде нејзино долгометражно режисерско деби, а сценариото за филмот го адаптираа Рон Бас и Алис Викторија Винслоу.

epa-efe
EPA-EFE/JALAL MORCHIDI

Во книгата се раскажува за 27-годишната Ен Елиот, тврдоглава жена која живее на работ на банкрот со членовите на нејзиното семејство. Приказната ја следи нејзината романтична врска со морнарскиот офицер Фредерик Венворт со кого беше среќно свршена додека пријателот на Лејди Расел не ја убеди дека тој е „недостоен“ за нејзината љубов. По осум години Фредерик се враќа како богат капетан на морнарицата и Ен добива втора шанса за љубов.

epa-efe
EPA-EFE/NEIL HALL

„Persuasion“ е последната книга објавена од познатата писателка пред нејзината смрт во 1817 година. Во 2007 година се појави филмската адаптација на истоимената книга во која главниот лик го играше британската актерка Сали Хокинс.

Снимањето на новата филмска адаптација се очекува да започне во мај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот