Дачиќ: Срби не се вмешани во дестабилизацијата на Молдавија, тоа се инсинуации

Ивица Дачиќ / Фото: EPA-EFE/DJORDJE SAVIC

Србија одлучно отфрла каква било инсинуација за потенцијална вмешаност на нејзини граѓани во можни насилни настани во Молдавија, изјави денеска српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ во телефонски разговор со молдавскиот министер за надворешни работи Нику Попеску.

Во врска со вчерашната изјава на молдавската претседателка Маја Санду дека Москва планира да ја дестабилизира Молдавија со помош на саботери од Русија, Белорусија, Србија и Црна Гора, Дачиќ го известил Попеску дека Србија и Молдавија се пријателски земји и дека секогаш меѓусебно се поддржувале во однос на територијален интегритет, соопшти МНР на Србија.

Дачиќ изјави дека Србија затоа бара од молдавските власти да достават какви било информации за претпоставките до нејзините безбедносни служби и додаде дека Белград ги бара сите информации за тоа „за да спречи некој од Србија да учествува во вооружени и насилни акции насекаде во светот“, што е строго казниво“ според српските закони, се вели во соопштението.

Молдавија е под зголемен руски притисок пред јунскиот состанок во Кишињев на Европската политичка заедница (земјите на ЕУ и нивните политички сојузници), изјави денеска Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел пред почетокот на министерскиот состанок за одбрана на НАТО во Брисел.

Молдавија денеска го затвори својот воздушен простор поради безбедносни причини, а по извесен период повторно го отвори.

Затворањето на воздушниот простор над Молдавија се случи еден ден откако претседателката Маја Санду ја обвини Москва дека планира да користи странски саботери, со цел да ја собори Владата на Молдавија, да ја спречи земјата да се приклучи на Европска Унија и да ја искористи во војната против Украина.

Санду ја обвини Русија дека со „странски саботери“ од Србија и Црна Гора сака да ја собори Владата на Молдавија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот