Дац и Александар ќе настапат на Хуманитарен училишен базар: Се собираат средства за ОУ „Војдан Чернодрински“

Фото: Промо

Фондацијата „Радувај“ заедно со Советот на родители од ОУ „Војдан Чернодрински“ од Скопје, денеска со почеток во 18 часот, на плочникот кај „Млечен“ организираат Хуманитарен училишен базар.

Како специјални гости на настанот се најавени Драган Спасов – Дац и Александар Митевски и членовите на детскиот фестивал „Поточиња“.

Целта на хуманитарниот настан е да се соберат средства за набавка на лаптопи, компјутери за информатичко општество и смарт табли за потребите на ОУ „Војдан Чернодрински“.

Фото: Промо

Програмата ќе започне во 18 часот со обраќање на претставник од Советот на родители при основното училиште, по што свој настап ќе имаат учениците. Во 19 часот ќе настапат дечињата од фестивалот „Поточиња“, а забавата ќе ја заокружи познатото музичко дуо Алексндар и Дац, со своите добро познати хитови.

Средствата ќе се собираат на самиот настан, преку уплати на донаторска сметка и донаторски броеви.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот