Да не се лажеме: имаме работа со триглава екстремна десница

Единствена радикализирана партија останува ВМРО-ДПМНЕ, така што само таа политичка партија не е „прифатлива“ во политичкото поле по ниедна основа, отворено се заканува, екстремистички се однесува, а нивното однесување ќе го видиме во иднина кога ќе се завршат изборите. Допрва ќе го гледаме нивното дивеење во Собранието, веднаш по изборите. Насилничката реторика на ВМРО-ДПМНЕ во голема мера е инструментализирана за сите политички цели.

Забележувам една стравична конфузија во јавниот политички простор за тоа што денес во оваа земја претставува „лево“, а што претставува „десно“. Дури, гледам, со овие прашања ние многу малку се занимаваме. Па, бидејќи е така, оттука не може да направиме јасна разлика што е што. Многу луѓе ме прашуваат, а тоа не е мал број, бидејќи јас не живеам во некои „четири sида“: која е разликата измеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ? Засега, барем во овој политички контекст, разликата измеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е огромна. Второ, да се обидеме да ги објасниме разликите затоа што тоа е ужасно важно, бидејќи се наоѓаме на прагот на една предизборна „перманентна касапница“.

Да појдеме од почетната „референтната“ точка и пучот во Собранието на 27 април 2017 година. Тогаш, барем додека сè уште беа формално-правно власт, ВМРО-ДПМНЕ влезе во еден радикализиран „гап“ (дупка) од која невозможно беше исходот да биде поинаков – насилство во Собранието кое заврши така како што заврши. А сите добро знаеме како – со истегнати коси и вратови, дупнати глави и расечени чела, и кога на тоа ќе додадете перманентно насилство кое се одвиваше пред Собранието: надвор реторичко насилство, а внатре – физичко. Е, сега, можеби ќе прашате зошто сето ова ви го зборувам, и каква врска има тогашниот период со ова што денес ни се случува? Без грижа, ќе дојдеме и до тоа, драг господине Вотсон!

Ако ја имаме ВМРО-ДПМНЕ на едниот политички спектар, на другата страна ја имаме СДСМ која се обидува – а и во голема мера успева – да биде (на мое големо задоволство!) граѓанска (зошто лажна скромност?), парламентарна, помирувачка и, ако може така да се изразам, „антивоена партија“. Што е тоа „антивоена“, море, Јовановиќ? Тоа е односот кон национализмот, односот и помошта на малите заедници, односот кон оние граѓани кои се најзагрозени, односот кон комшиите, односот кон Европа. А тоа, ќе ве молам, во политичкото поле е практично сè. Патем, да гаснеш пожари кои се директна последица од режимот на Груевски, ќе се согласите, не е пријатна работа, бидејќи, да бидеме искрени до крај: тоа се прашања за насилството, прашања за идентитетските конфликти и прашањата за граѓанските права и слободи.

Прочитајте и...  Др. Митов: Крвта од излекуваните, можен лек против коронавирус

Денес, во Северна Македонија имаме и една друга десница, барем во нејзината „појавна“ форма, десница која се обидува да биде центар-десно, а тоа е „Македонскиот концепт“ на Петар Богојески, движење кое веќе го прифати Договорот од Преспа, или барем колку што „јасно“ исчитувам, нема некои поголеми недоразбирања со Договорот, а тоа ни кажува дека во политичкото поле ќе биде парламентарен и дека ќе бара некои потенцијални гласачи кои не се радикализирани и кои ја прифаќаат политичката реалност.

Единствена радикализирана партија останува ВМРО-ДПМНЕ, така што само таа политичка партија не е „прифатлива“ во политичкото поле по ниедна основа, отворено се заканува, екстремистички се однесува, а нивното однесување ќе го видиме во иднина кога ќе се завршат изборите. Допрва ќе го гледаме нивното дивеење во Собранието, веднаш по изборите. Насилничката реторика на ВМРО-ДПМНЕ во голема мера е инструментализирана за сите политички цели, а оние граѓани што не можат да земат некакво упориште во општествениот живот, а не се идентификуваат со таа партија, остануваат настрана.

Погледајте го овој пример, Александар Николовски, еден од главните епигони на партијата ВМРО-ДПМНЕ, за „Слободна ТВ“ изјавува дека „некаков компромис мораше да биде направен“, додека, види апсурд, на нивните телевизии изјавува прилично радикално и непомирливо, „никогаш Северна, секогаш Македонија“. Човек се прашува: како е тоа возможно? За какви комплекси и фрустрации се работи? На една телевизија која е тука да информира и едуцира, ти изјавуваш едно, а на оние што се дел од твојот партиски „божур“, изјавуваш дијаметрално спротивен став. Се претпоставува дека така и ќе разговараат со Европејците во Брисел: со нив ќе бидат намачкани, фини и нерадикализирани, а дома ќе бидат комплетна спротивност – тврди, радикални, насилни.

Прочитајте и...  Во очекување на подобра 2021

И каква друга политика е возможна од „вмровци“, освен ваква, радикална и насилничка? Како да им се даде глас да ја водат повторно целата земја!? Погледајте ги убаво, ќе видите дека тоа се исти штетници какви што беа во времето на Груевски. И не размислуваат да се променат. Јок, море! Дури придонесуваат дополнително политичката сцена да се таблоидизира, да се гуши во предрасуди, да се покаже дека ние сме жртви поради договорот од Преспа. На оваа палета од политички простаклак мора да се застане на пат, затоа што никаде не може да нè води, а не пак да нè води во Европа, место на кое сите ние се стремиме во идејна и вредносна смисла. И оттука, многу јасно се гледа дека ВМРО-ДПМНЕ не може да ја испорача европската перспектива на земјата.

ВМРО-ДПМНЕ е партија што е сериозно болна – и тоа го мислам имплицитно во политичка смисла. Не мислам на нејзиниот габарит, туку мислам на нејзината политика: точно е, болна е, и ако вака продолжи, ќе биде уште полошо за нејзиното политичко здравје. Нејзината себичност, кукавичлак, интелектуален кусок, неразбирање за контекстот, опкружувањето, компромитираноста, корумпираноста, аморалноста и спремноста да се жртвува сè заради малку власт и маст, е апсолутна болест. Па нè убедуваат дека уште еднаш треба да нè јавнат со својот изразен мултидисциплинарен „бандитизам“ (што би рекол Богојески П.)

Прочитајте и...  Дали коронавирусот го донесе крајот на печатените медиуми?

Земете го за пример Мицкоски, нивниот лидер. Погледајте го тој човек како се однесува. Погледајте го како, за што и на кој начин зборува. Погледајте го каква слика за себе и својата земја остава, па ќе ви стане појасно. Мицкоски шири морбидни констатации, глупави теории за билатералните договори, идиотски објаснувања за „македонскиот идентитет“, за на крај да сфатиш дека тој човек, освен потрчко на Груевски, не може практично ништо друго да биде. Не може да биде ниту лидер, а не пак – како што и самиот што вели: „јас ќе бидам премиер“. Ќе бидеш премиер на Црвениот бан, што би рекол вујко ми Бас.

Гледајќи го и слушајќи го сето тоа, невозможно е од друга страна да не го погледате и Зоран Заев: ви зборува дека не мора така, многу јасно и нормално ви вели дека може и поинаку, ви вели дека може подобро, ви вели дека може и пријателски. Без фолирање, искрено и „на прва“. Па боже мој, гледаме дека можело. И што ни недостига? Ете, влеговме во НАТО, ќе добиеме директни преговори со ЕУ, па, што да се прави. Не се сите исти? Така е, не се, дури едните се подобри од другите. Многу подобри. И на крајот, многу почовечни. А тоа е разлика во светови.

Прочитај повеќе

Тајландскиот крал се самоизолирал во хотел на Алпите и си направил харем со 20 жени (ФОТО)

Слободен печат

ВУХАН И ПОНАТАМУ ПОД БЛОКАДА: Веќе 6 дена немаат новозаразени, а во градот владее војничка дисциплина

Слободен печат

Таксистот Славко Цариќ од Скопје им нуди бесплатен превоз на најстарите и изнемоштените лица!

В.Т.

Еве што им прави коронавирусот на белите дробови (ВИДЕО)

Слободен печат

Не им треба карантин: Швеѓаните одамна применуваат „коронавирус“ стил на живот

Слободен печат

Како Јапонија го стави коронавирусот под контрола?

Дејан Андоновиќ

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Др. Митов: Крвта од излекуваните, можен лек против коронавирус

Слободен печат

Вирусот како „подвижна мета“

Сашо Орданоски

Корисни пораки за личен развој и поддршка на учениците за време на ковид 19

Наде Молеровиќ

Дали коронавирусот го донесе крајот на печатените медиуми?

Слободен печат

Германска студија од 2012 година ги предвиде деталите за пандемијата од коронавирусот

Во очекување на подобра 2021

Данела Арсовска