д-р Татјана Гуржанова: Одлуката за ин витро оплодување не мора да се донесе веднаш

Либералноста во законите за биопотпомогнато оплодување во Македонија е што не само на пар, туку ин витро постапка им се овозможува и на самохрани родители дури и со дониран материјал, јајце-клетки и сперматозоиди, вели за „Слободен печат“ д-р Татјана Гуржанова
Со д-р Татјана Гуржанова, специјалист акушер, гинеколог и ИВФ специјалист во Центарот за плодност „Њуборн клиник“ разговараме на актуелната тема стерилитет и ин витро оплодување.

Кога парот да се јави на преглед? Колку време треба да помине во обидување да се стане родител по природен пат, пред парот да размисли за подлабоки испитувања или вештачко оплодување?

– За еден пар да се прогласи дека има проблем со стерилитет, дали од машкиот или од женскиот партнер, потребно е да поминат една до две години во зависност од возраста на двата партнера, а и од желбата побрзо да станат родители. Тоа значи дека треба една или две години да имаат редовно незаштитени односи, и доколку не настане бременост во тој период треба да почнат со испитувања, кои ќе дадат насока каков третман да се започне. Не мора веднаш да се одлучат на вештачко или ин витро оплодување, може успехот да се постигне и со промена на исхрана, животни навики или инсеменација.

Какви испитувања за плодност нуди вашата клиника? Дали има посебни испитувања за мажи, а посебни жени?

– Во „Њуборн клиник“ има најразличен дијапазон на дијагностички испитувања и тие индивидуално се одредуваат исто како и индивидуалниот пристап кон терапија и третман. Базично што секој пар, маж и жена, треба да направат е спермограм, кај машкиот партнер и ултразвучен преглед и хормонален статус кај женскиот партнер, сметајќи дека женскиот партнер претходно одел редовно на гинеколог со редовни ПАП тестови и микробиолошки брисеви.

Кои техники за вештачко оплодување ги применувате во вашата клиника? Дали постојат посебни протоколи што се индивидуални за секој пациент?

– Третманот започнува со разговор за начинот на живот, исхраната, професионалната оптовареност, изложеноста на стрес и многу друго. Се воспоставува една поблиска врска со пациентот, бидејќи не можеш да помогнеш некому доколку не го разбереш, т.е не му ја почувствуваш болката. Потоа следуваат иследувања, за потоа да се започне со крајно внимателно одбран индивидуален третман, со кој би се очекувал најголем успех, со најмал трошок за парот, или за пациентот. Третманите се бројни, од промена на животниот стил преку инсеменација, па сè до ин витро со генетско испитување на ембрионот и генетска експресија на ендометриумот, како најсофистицирани техники во третман на стерилитетот. Многу се обрнува внимание на хормоналниот баланс, не само кај жената, туку и кај машкиот партнер.

Вашата клиника е позната по големата стапка на успех со дониран материјал (донирани јајце-клетки и сперматозоиди). Од каде го нарачувате овој материјал?

– Биолошкиот материјал се нарачува од реномирани европски банки, каде што се селектираат донорите по европски критериуми, т.е, со генетско испитување на донорите, како и општа здравствена состојба со фамилијарна оптовареност. Претходно парот кој се одлучил за ин витро со дониран материјал поминува низ легална процедура, која е задолжителна за секој што сака да стане родител на тој начин. Либералноста во законите за биопотпомогнато оплодување во Македонија е што не само на пар, туку ин витро постапка им се овозможува и на самохрани родители дури и со дониран материјал, јајце-клетки и сперматозоиди. Во Македонија постапката на ин витро може да биде на товар на Фондот за здравствено осигурување, дури и за ин витро со дониран биолошки материјал (јајце-клетки, сперматозоиди или ембриони).

Освен што сте специјализирани за ин витро, дали постојат други прегледи што можат да се извршуваат во вашата клиника?

– Во нашата клиника покрај дијагностика и третман на инфертилитет, се следат бремености, дури и ризични, со 4Д ултразвук, ЦТГ, се прават гинеколошки прегледи со ПАП тест, колпоскопија и микробиолошки брисеви, се прават кратки дијагностички процедури како биопсија, пункција на циста и се прави оффис хистероскопија и во дијагностички цели, но и за третман на одредена патологија на матката.

„Њуборн клиник“ – Центар за плодност, булевар „Илинден“ 107, 1000 Скопје,

Телефон : +389 (0)2  2734 350

(комерцијален текст)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот