Д-р Пановски: Со внуците на дистанца, во парк, не да се собираат и заседнуваат

Според него, нема причина да се стравува дека некој ќе се зарази на избори во ситуација кога секој секојдневно оди во продавница.

Не чув дека има казни за масовните собири, нема контрола и затоа сме на ова дереџе, изјави докторот Никола Пановски во вечерашното гостување на Канал 5.

Огромно мнозинство сметаа дека Господ ќе не чува, вели Пановски, дека не постои вирусот, но со отворањето на кафулињата, може само да се надеваме дека немало некој „ширач на болеста“.

-Сарај има повеќе случаи од Дебар, но тамошните граѓано имаа поголема свест и сами бараа помош од науката. Кога се носеа мерките карантинот требаше да се укине во тие општини каде го немаше вирусот или евентуално со пет заболени, но во Скопје требаше да остане од 22 до 5 часот, недостасуваше и стога полициска контрола – порача Пановски.

Според него, нема причина да се стравува дека некој ќе се зарази на избори во ситуација кога секој секојдневно оди во продавница.

Тој порача доколку сите ги почитуваат мерките за заштита, никогаш нема да се заразат со болеста.

-Со внуците на дистанца, во парк, не да се собираат и да се заседнуваат граѓаните во голем број- вели Пановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот