Д-р Пановски: Седам на плажа во Охрид и гледам дека освен келнерите, никој не носи маска

Никола Пановски фото архива на Слободен печат

Професорот на Медицинскиот факултет, Никола Пановски смета дека е подобро да се затворат плажите, бидејќи задолжителното носење маска не се почитува.

– Моментално сум на плажа во Охрид. Има 600-700 луѓе. Маски носат само келнерите и персоналот. Има два-тројца што ја носат под брада. Никој друг не носи маска – изјави д-р Пановски за Телма.

Според него, протоколите мора да бидат сменети, бидејќи прописите што се носат, како што е тој за задолжително носење маска на плажа, мора да бидат логични.

– Подобро да ги затворат плажите отколку да кажат дека луѓето ќе седат на плажа со маска 3-4 часа на 40 степени. Тоа е мачење. Никој со здрав разум не би го направил тоа, да седи со маска на плажа. Значи, по охридските, а веројатно и по останатите плажи, маски не се носат, бидејќи е тоа невозможно – рече професорот.

Тој укажува дека вирусот многу слабо се шири на отворено, особено ако има дистанца. Вели дека е потребен многу близок контакт кој трае подолго и тоа со луѓе кои не живеат заедно за вирусот да се пренесе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот