Д-р Горан Николов: Губење на памтењето

Ако ги изгубиме клучевите, обично помислуваме дека памтењето нè издава. Но факт е дека „дупките“ во памтењето се јавуваат кај сите одвреме-навреме. Се работи за нормална последица на стрес, необрнување внимание, вршење повеќе работи истовремено и, да, стареење.

Сериозно губење на памтењето може да биде знак за деменција, но старата добра заборавеност обично не е нешто поради кое треба да се грижиме. Факт е дека памтењето нè служи дури и кога нашите зглобови и други делови на телото почнуваат да откажуваат. Во врска со тоа, бројот на мозочните клетки навистина се намалува со текот на годините и мозокот со одминување на времето произведува сè повеќе супстанции познати како невротрансмитери, кои пренесуваат сигнали од една до друга нервна клетка. Нападите на слободните радикали, кои слободно талкаат насекаде по телото, исто така со текот на времето оставаат последици на мозочните клетки. „Храната за мозокот“, која изобилува со заштитни хранливи материи, како антиоксидантите кои ги неутрализираат слободните радикали, витамини од Б комплексот, кои се грижат за телото да произведува доволно неуротрансмитери, и масла и зачини кои ги смируваат воспаленијата. Доколку и по вклучувањето на повеќе од овие намирници во секојдневната исхрана не можете да се сетите на името на својот заболекар при закажување преглед, веројатно добро време не сте биле во неговата ординација.

profimedia

Што да се јаде?

  • Зеленчук, јаткасто овошје– Антиоксидантите што ги има многу во повеќето овошја и зеленчуци како и во мешунките и јаткастото овошје ги неутрализирааат слободните радикали. Кога јадете доволно од оваа храна, антиоксидантите се собираат во мозокот и штитат разни делови на мозокот вклучувајќи го и хипокампусот кој е задолжен за формирање и задржување на памтењето. Антиоксидантите придонесуваат и за превенција на артериосклероза која го ограничува дотокот на кислород и хранливи состојки до мозокот. Можете да внесете доволно количество од трите особено важни антиоксиданти – витамините Ц и Е и минералот селен на тој начин што ќе конзумирате многу зеленчук и јаткасто овошје.
  • Спанаќ- Исхрана со многу спанаќ се покажува како особено корисна кај пациентите кои со неговата помош успеале да ги вратат моторичките способности како одењето штопретходно го изгубиле како последица на доживеан мозочен удар. Гответе го или послужете го спанаќот со малку маслиново масло. Нека биде барем еднаш во вашите 7-10 дневни порции.
  • Боровинки и други бобести овошја– Во летниот период не постои ништо подобро од свежи боровинки. Овие благи сини топки изобилуваат со фитохемикалии кои се наречени антоцијанини- соединенија кои на боровинките им ја даваат бојата, делуваат како силни антиоксиданти и кои како што велат испитувањата со стари животни, може да го подобрат памтењето. Дневно 125 грама.
  • Лосос, скуша и друга риба богата со омега 3 масни киселини. Мозочните клетки се обложени со омега 3 масни киселини кои ги смируваат воспаленијата, истите овие масти ги одржуваат крвните садови еластични, така што крвта и хранливите материи можат непречено да патуваат до мозокот. Два оброка од риба неделно печете ја или поширајте ја рибата наместо да ја пржите или пржете ја на малку маслиново масло евентуално.
  • Маслиново масло– Маслиновото масло придонесува за зачувување на мозочните функции. Дневно една до две лажици, 12-20 мл, користете маслиново масло и други монозаситени масла како масло од репа, наместо путер и маргарин.
  • Јајца- една од ретките намирници која содржи холин, соединение слично на витамин што е неопходно за правилно извршување на клеточните функции. Холинот е важен за хипокампусот, дел од мозокот во кој е сместен центарот за памтење. Жолчките содржат многу витамин Б12 за намалување на нивото на хомоцистеин. Зголеменото ниво на оваа аминокиселина предизвикува појава на кардиоваскуларни заболувања што може да доведат до мозочен удар, кој остава последици врз памтењето. Едно јајце дневно.
  • Лук- Веројатно помислувате на срцето кога ќе стане збор за лукот и здравјето,но овие чешниња со силен мирис се корисни и за мозокот. Нивните сулфурни соединенија се моќни антиоксиданти. Лукот придонесува и за намалување на холестеролот и високиот крвен притисок и ги сузбива воспаленијата – три фактора кои го зголемуваат ризикот од појава на срцеви заболувања и деменција. Лукот треба да отстои 10-15 минути пред готвењето за да се ослободат неговите активни соединенија.
  • Цимет– Научниците сметаат дека користењето на циметот може да помогне на постарите лица да го подобрат памтењето, циметот поседува и антивоспалитетлни својства кои ќе ви помогнат да ја задржите острината на умот доколку ги користите во подготвувањето на јадењата. Со цимет може да зачините и сечкано овошје, кафе, па дури и супите и гулашите.
  • Јаболка- Дали едно јаболко дневно може да ви помогне да го подобрите памтењето?Можеби, особено доколку ја јадете и кората каде што има најголемо количество керцетин. Испитувањата покажале дека овој антиоксидант подобро ги штити мозочните клетки од оксидативно оштетување отколку витаминот Ц.
  • Јадења со кари и друга храна која содржи куркума– Светло-жолтиот зачин наречен куркума содржи антиоксидантско соединение наречено куркумин. Испитувањата покажаа дека куркуминот го спречува создавањето амилоиди, лепливи протеински наслаги кои може да ги прекинат нервните патишта во мозокот. Куркуминот ги спречува и оксидацијата и појавата на воспаленија.
  • Чај- Сакате да внесувате доволно антиоксиданти? Тогаш стекнете навика на пиење чај. Едно испитување спроведено во Англија покажа дека антиоксидантите од црниот и зелениот чај можат да неутрализираат неколку ензими кои влијаат на напредувањето на Алцхајмеровата болест.Истражувањата велат дека чајот може да го спречи и создавањето протеински наслаги кои ја забавуваат комуникацијата меѓу невроните, со што ги блокираат „каналите на памтењето“ во мозокот.
  • Лиснат зеленчук, леќа, рибаидруга храна богата со витамин Б. Фолната киселина и витамините Б6 и Б12 придонесуваат за намалување на нивото на хомоцистеин, аминокиселина во крвта која е поврзана со зголемен ризик од деменција. Салата од спанаќ со леблебија, пиперка и авокадо за ручек и порција риба за вечера би требало да ви обезбедат доволна дневна доза на витамин Б. Повеќето цереалии исто така претставуваат одличен извор на витамин Б.
pixabay

Што да се избегнува?

  • Масно месо и други извори на заситени масти– Храната богата со заситени масти во најголем број од случаите е одговорна за зголемување на холестеролот, кој може да ги блокира артериите и да го отежне дотокот на крв во мозокот.
  • Бел леб и брашно, бел ориз, компири и храна со шеќер– Оваа храна предизвикува нагло зголемување и опаѓање на шеќерот во крвта, а на мозокот му е неопходен рамномерен доток на шеќер.

Центар за внатрешни болести „Срце“ Тел. 02/3217-016, моб. 071/319-208

(комерцијален текст)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот