Д-р Даниловски: Со појавата на омикрон, веројатно ги гледаме последните „трзаи“ на короната на планетата

Фото: Архива на „Словоден печат“

Сојот омикрон е исклучително заразен, но веќе се согледува дека предизвикува благи симптоми. Сѐ уште нема податоци како делува на постари и хронично болни лица. Кај нив веројатно би предизвикал потешка болест – исто како кај сезонскиот грип. Затоа, тие треба да внимаваат и да се заштитат, вели епидемиологот д-р Драган Даниловски во разговор за „Фокус“.

– Со појавата на омикрон, веројатно ги гледаме последните „трзаи“ на короната на планетата. Многу скоро – веројатно веќе догодина – ќе се сведе на респираторна инфекција со значење аналогно на сезонскиот грип. Секоја сезона понатаму, ризичните групи ќе треба да се вакцинираат не само против сезонски грип, туку и против ковид, вели доктор Даниловски.

Во однос на тоа дали треба да се преземаат нови рестриктивни мерки, доктор Даниловски тврди дека вирусите и нивните варијанти не ги почитуваат националните граници.

– Но, можно е ширењето да се забави. Сите 27 земји-членки на Европската унија во петокот се согласија привремено да го прекинат патувањето од седум јужноафрикански земји. Соединетите држави, исто така, го ограничија патувањето за неамерикански државјани од Јужна Африка и седум други земји од понеделник наваму. Израел воведе карантин од 14 дена за секој што влегува во земјата – не само од јужно-африканските земји.

Ограничувањата за патување може да помогнат да се забави ширењето на варијантата. Но, бидејќи првите случаи во Боцвана беа откриени во средината на ноември, а летовите дури сега се запираат, може реално да се претпостави дека омикрон веќе е транспортиран во други делови на светот, вели тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот