Д-р Аргирова: Преживеаните беа примени во многу лоша психичка состојба, им пруживме стручна помош на мајчин јазик

д-р Маја Аргирова, началник во болницата Пирогов/Фото: Скриншот/бТВ

Повредените од несреќата на автопатот Струма кои дојдоа кај нас на Клиниката за изгореници „Пирогов“ беа во исклучително тешка психолошка состојба, изјави за БТВ, началникот на клиниката Маја Аргирова.

Според неа, покрај сите медиицински протоколи и пружената помош на настраданите, најважна била психолошката помош што успеале да ја организираaт на мајчин јазик за да бидат поефективни.

-Емотивно, овие случаи беа многу различни. Некои од пациентите ги загубија своите најблиски во несреќата – сопруга, деца. Мислам дека поминавме многу добро со стручна психолошка помош, рече Аргирова.

Таа сподели и што кажала една од жртвите – по несреќата во метежот видел каде стои чеканот за стаклата на автобусот. Со него успеал да ги скрши стаклата на возилото и така заробените од дното од автобусот успеале да излезат.

„Имаше седум преживеани, но не разговаравме за бројот на пациенти. Тие самите не броеле, паниката беше толку голема. Мислам дека сфатија што се случи во моментот кога беа примени на клиниката“, рече Аргирова.

Вчера последениот од повредените е испишан од болницата „Пирогов“ и префрлен на лекување во Македонија.

Двајца од преживеаните бе аотпуштени од болница на 27 ноември, а четворица на 29 ноември.

Идентификувани сите 45 жртви од автобуската несреќа на автопатот „Струма”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот