ЦСКА се врати од -14 со Реал и се пласира во финале

ЦСКА Москва е вториот финалист во кошаркарската Евролига откако во полуфиналето успеаја да надоолнат негатива од 14 поени, го совладаа актуелниот шампион Реал Мадрид со 95:90 и в недела (20.30 ч.) ќе играат против Ефес за титулата.

Триумфот над сè уште актуелниот шампион воедно претставуваше одмазда за поразот од минатата сезона во полуфиналето на фајнал фор турнирот.

Рускиот тим во последните 17 сезони на Евролигата, дури 16. пати играа на завршниот фајнал фор турнир, но само три пати ја освоија титулата, но сезонава триумфираа во сите три пресметки со Реал Мадрид.

Кошаркарите на ЦСКА Москва со трпелива игра успеаја да ја надополнат негативата од дури 14 поени во третата четвртина и во финишот од натпреварот благодарение на Нандо де Коло успеаја да направат целосен пресврт и да дојдат до победата.

Токму Де Коло и Серхио Родригез со по  23 постигнати поени беа најдобри во рускиот тим, додека кај Реал Мадрид, Фабијан Козер даде 18 поени, а Серхио Љуљ уфрли 13 поени.
Финалето помеѓу ЦСКА Москва и Анадолу Ефес се игра в недела од 20.30 часот, додека во борбата за третото место се среќаваат Реал Мадрид и Фенербахче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот