Црвени дамки на кожата и симптоми на инфаркт се нови знаци на зараза со ковид-19

Profimedia

За коронавирусот и болеста ковид-19 секој ден сè повеќе се дознава, што не изненадува, бидејќи станува збор за потполно нов вирус, досега непознат за науката.

И понатаму главните и основни симптоми на ковид-19 се зголемена температура и сува кашлица, но во меѓувреме се појавија уште симптоми, кои научниците ги класифицираат во, исто така, јасни показатели дека станува збор за инфекција со коронавирусот.

Болки во стомакот

Значи, досега дознавме и дека губењето на сетилата за мирис и вкус се, исто така, чест симптом. Покрај тоа, голем број случаи, според истражувањето на лекарите од Вухан, пред главните симптоми почувствувале и проблеми со органите за варење, главно во форма на пролив, болки во стомакот и повраќање.

Исто така, постојат и три благи симптоми на коронавирус кои се сосема атипични, како и конјунктивитисот. А, како што известуваат стручњаците од француското Национално здружение на дерматовенеролози, сè повеќе има случаи со невообичаени симптоми, кои немаат никаква врска со респираторните симптоми.

Еден од тие симптоми се ненадејни црвени дамки на кожата, како изгореници од коприва. Лекарите забележале и честа појава на промени на кожата во форма на лажни смрзнатини. Во моментот, научниците од Националното здружение на дерматовенеролози сè уште размислуваат за овие симптоми и не изразуваат конкретни ставови и проценти.

Збунетост

Покрај тоа, како што известува „Тајм“, некои пациенти доживуваат невролошки симптоми како конфузија и збунетост, како и боцкање во екстремитетите. Кај поодделни случаи се појавуваат сите симптоми на срцев удар, но без затнати артерии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот