Црвена Звезда „фаворит“ за потписот на Несторовски!?
На „Маракана“ константно демантираат, но од Апенините и натаму пренесуваат дека Црвена Звезда е многу заинтересирана во Белград да го доведе македонскиот напаѓач.
Се очекува Несторовски брзо да ја напушти Сицилија, тимот од Ренцо Барбера го гледа како играч од кој можат најмногу да заработат.
Црвена Звезда може да помогне во финансиските проблеми на Палермо. Несторовски според „Трансфермаркт“ вреди четири милиони евра.
– Македонецот неколку пат беше блиску до потпис за одредени руски или турски клубови. Но, во последните часови иднината на Несторовски се промени. Црвена Звезда е фаворит за потписот. Белградскиот тим ќе игра во квалификациите за ЛШ и економски може најмногу да понуди – пренесуваат италијанските медиуми
Несторовски има договор со Палермо до 2021 година, но клубот се соочува со големи финансиски проблеми, на сопствениците приоритет е да го стабилизираат, а потоа се обидат да направат сериозен резултат.