ЦЈЗ Куманово: Девет новозаболени од Ковид-19 во Липково, пет во Куманово

Денеска се извршени 65 тестови од нив, 17 по мој термин, 46 се контролни и два согласно епидемиолошки индикации.

Центарот за јавно здравје во Куманово последниве 24 часа регистрира 14 новозаболени пациенти од Ковид 19. Пет од новозаболените се од општина Куманово и девет од општина Липково, информираа надлежните од јавната здравствена установа.

Министерството за здравство денеска објави дека два пациенти од Куманово починале, кај пациентка (64) вирусот е потврден постмортем, а во општата болница Куманово починал 85-годишен пациент, хоспитализиран на 10 јуни.

– Во последно време, граѓаните се посовесни во однос на тестирањето, прифаќаат, иако одвреме- навреме има лица кои не ги кажуваат сите контакти. Настојуваме овој проблем да го надминеме во соработка со други други институции – изјави директорот на Центарот за јавно здравје Куманово, Ариф Љатифи.

Денеска се извршени 65 тестови од нив, 17 по мој термин, 46 се контролни и два согласно епидемиолошки индикации.

Според податоците на Министерството за здравство на подрачјето на Центарот за јавно здравје Куманово вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 668, а активни случаи се 219.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот