Цивил: Ставовите се бранат со факти, а не со насилство!

ЦИВИЛ најостро ги осудува говорот на омразата, делата од омраза и насилството кои произлегуваат од неспособноста или неподготвеноста да се дебатира со аргументи во јавноста. Без оглед на „страната” од која доаѓаат деструктивните појави во општеството и на политичката сцена, без оглед на тоа дали се работи за политички, етнички или верски мотивирани инциденти, тие не може и не смее да се оправдаат и премолчат.

ЦИВИЛ, кој и самиот е мета на долгогодишни и секојдневни напади со лаги, клевети, говор на омраза и закани по животот на неговите претставници и активисти, секогаш и без исклучок ги осудува иницијаторите, нарачателите и извршителите на овие дела.

И во случајот со Љупчо Палевски кој, според информациите во јавноста, е нападнат и претепан пред својот дом, ЦИВИЛ ја изразува својата загриженост и осуда, и бара од институциите да ги откријат и санкционираат сторителите на овој насилнички акт.

-Насилството и говорот на омразата никогаш, под никакви услови, не се соодветен одговор за ништо. Ставовите се бранат со факти, не со насилство- велат оттаму.

Претепан активистот Љyпчo Пaлeвcки, лекарите се борат за неговиот живот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот