Царовска им посака среќа на матурантите: Образованието е процес кој никогаш не завршува

Фоти Архива

Министерката за образование Мила Царовска денеска упати порака до сите над 15 илјади ученици кои се пријавени да полагаат државна матура успешно да го заокружат овој процес и секако, да го продолжите патот на едукативна наобразба.

Царовска, како што соопшти МОН, истакна дека образованието е процес, а не чин, процес кој никогаш не завршува, затоа што човек доколку сака да биде успешен мора постојано да се надградува.

– Денес започнување полагањето на државната матура за учебната 2020/2021 година. А тоа е процес кој значи формализација на средното образование и стекнување на услов за упис на високообразовните установи во земјата, но и надвор од неа. Од страна на надлежните институции на системот, координирани од Министерството за образование и наука обезбедени се сите предуслови за средношколците од завршната четврта година да го остварат ова свое право, без притоа да биде загрозено нивното лично, но и јавното здравје, имајќи предвид дека годинава, пандемијата наметна потреба од дополнителни напори и активности за организација на процесот – нагласи Царовска.

– Знам дека, не само што нема да отстапите од зацртаните цели, кои се остваруваат исклучиво со стекнување и примена на знаење, туку постојано ќе целите и кон повисоки работи во животот и ќе станете гордост на државата која и во иднина ќе продолжи да се грижи за Вас и да создава можности за целосно остварување на Вашиот личен потенцијал. Среќно на сите! – вели таа во пораката.

Министерката информираше и дека за матурантите кои се пријавени да полагаат, но во моментов се спречени поради изолација, предвидени се дополнителни термини на 25 и 28 јуни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот