Цакај побарал признавање на Косово од министрите на Србија и на БиХ

Овластениот албански министер за Европа и надворешни работи, Гент Цакај, на денешниот виртуелен состанок со колегите, во рамки на Берлинскиот процес побарал од министрите за надворешни работи на Србија и на Босна и Херцеговина да го признаат Косово.

Оценува дека не може да има стабилна и долгорочна регионална соработка без инклузивен пристап, еднаков третман и заемно признавање.

-Во оваа смисла, признавањето на Косово е многу важен чекор, не само во процесот на економски развој и меѓуетничкото помирување во западен Балкан, туку и во зголемувањето на вкупниот регионален капацитет за побрзо членство во Европската унија,напиша Цакај на Фејсбук.

Исто така, Цакај повикал за што побрза визна либерализација за косовските граѓани, имајќи го „во предвид исполнувањето на сите потребни технички услови”.

-Секое одложување на овој процес ќе биде на штета на довербата на одлучувачките способности на Европската унија во западен Балкан, констатира Цакај,кој по потекло е од Косово.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот