Црногорското МНР се огради од Парламентот во врска со настаните за време на посетата на Додик

Знамињата на НАТО и Црна Гора
Знамињата на НАТО и Црна Гора / Фото: EPA/BORIS PEJOVIC

Министерството за надворешни работи на Црна Гора се огради од потезите на претседателот на Парламентот на Црна Гора Андрије Мандиќ и службите на Парламентот во врска со настаните за време на посетата на претседателот на Република Српска Милорад Додик.

Во одговорот на протестната нота на Министерството за надворешни работи на БиХ се наведува дека МНР на Црна Гора не учествувало во организацијата и придружните протоколарни активности поврзани со посетата на претседателот на РС Милорад Додик и дека посетата била организирана од службите на Собранието на Црна Гора на чело со Андрија Мандиќ.

Во документот потпишан од министерот Филип Ивановиќ, Министерството за надворешни работи на Црна Гора посочува дека за „пропустот“ го известиле Собранието на Црна Гора затоа што покрај ентитетот РС не го истакнале знамето на државата Босна и Херцеговина.

Во одговорот се наведува дека Владата на Црна Гора го поддржува интегритетот, суверенитетот и територијалниот интегритет на БиХ како и сите државни обележја и историски континуитет со надеж дека овој настан нема да влијае на пријателските и добрососедските односи меѓу БиХ и Црна Гора.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот