ЦККС организира трибина за новиот прозен женски книжевен бран

Центарот за култура и културолошки студии (ЦККС), на 23 ноември, во 11 часот, во Големата сала на Институтот за македонска литература, организира трибина со наслов „Новиот прозен (женски) книжевен бран: жената и градот“.

Како вовед во дискусијата, свои излагања ќе имаат проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева, проф. д-р Наташа Аврамовска, проф. д-р Мишел Павловски, Фросина Пармаковска, проф. д-р Ана Мартиноска, д-р Емил Ниами, Симона Јовановска, д-р Билјана Рајчинова, м-р Ана Јовковска.

Уште со појавата на антологијата „Ветрот носи убаво време“ (приредувачи: Весна Мојсова Чепишевска и Иван Антоновски) се навести еден нов книжевен сензибилитет кај најмладите македонски писатели. Најмногу од нив живеат и творат во Скопје. Од овој податок уште поважен е фактот дека тие, со своето творештво, со начинот на живот, со креирањето на јавното мислење, го трасираат патот на културното урбано живеење.

Тоа ново се препознава преку раскинување со дотогашниот историски наратив и свртување кон секојдневието. Сепак, се чувствува недостиг од проследување на тоа творештво со сите импликации кои ги носи.

Оттука, преку реализација на трибината, Центарот за култура и културолошки студии организира дискусија со учество на познати македонски теоретичари и критичари и со учество на самите авторки, со цел да се согледа „големата слика“ што ја продуцира творештвото и животниот стил на овие наши млади писателки.

Во таа насока темата „Писателката и градот“ ќе биде една од можните, во која можат да се вклучат и подтемите: Сликата на урбано Скопје во делата на македонските писателки; Културата на градското живеење во делата на македонските писателки; Промените на културниот живот со доаѓањето на сцена на младите писателки; Сликата на жената во творештвото на младите писателки наспроти традиционалната, патријархална слика, истакнуваат од ЦККС.

Трибината е во рамките на манифестацијата „Креативни точки 2022“, а е поддржана од Град Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот