Циципас против Зверев за финале во Рим

Стефанос Циципас без загубен сет до полуфинале во Рим/Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас без поголеми проблеми го совлада домашниот натпреварувач Јаник Синер со 2:0 во сетови и се пласираше во полуфинале на АТП турнирот во Рим, Италија.

Циципас со резултат 7:6 и 6:2 за околу два и пол часа игра го елиминираше Италијанецот и без загубен сет се најде во полуфиналната фаза на мастерсот.

Циципас одлично го започна првиот сет и по брејкот и потврдата на истиот поведе од 3:0, за Синер да пружи соодветно добар отпор и да израмни на 3:3.

Во следниот период немаше пресврти и влеговме во „тај-брејкот“ каде што Циципас едноставно се снајде подобро и по час и половина го освои првиот сет.

Во вториот сет, сè тргна многу подобро за грчкиот играч, кој успеа да триумфира со 6:2 и да се пласира во полуфиналето, каде што ќе се бори со Александар Зверев за финалето во Рим.

Треба да се напомене дека финишот на вториот сет траеше подолго бидејќи имаше нешто подолга пауза откако на еден навивач му се слоши на трибините и лекарскиот тим мораше да реагира.

Германецот Зверев кој исто така без загубен е полуфиналист на турнирот, со 7:5 и 6:2 го елиминираше Чилеанецот Кристиан Гарин за скоро два часа игра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот