Чувар во САД не пуштил во дуќан девојка без маска, застрелан е на самото место
На страницата GoFundMe собрани се речиси 100.000 долари за погреб. Починатиот чувар имал осум деца.
Калвин Мјунерлин, 43-годишен чувар во еден дуќан во американската сојузна држава Мичиген, убиен е во петокот поради тоа што не пуштил внатре жена која немала маска.
Препорачано
Мајката и ќерката дошле во дуќанот, но ќерката не е пуштена без маска. Отишле дома, а се вратиле таткото и синот од истото семејство. Обвинети се дека со пиштол го застрелале чуварот во тилот, кој починал на место. Обвинението е подигнато против семејството и тројца се уапсени. Против ќерката нема да биде покренато никакво обвинение.
Мјунерлин не ја пуштил девојката во дуќанот зошто Мичиген, една од најпогодените држави од коронавирусот во САД, има правило дека маска мора да се носи на јавни места како јавен превоз или дуќани.
A security guard at a Family Dollar store in Flint, Michigan, was shot and killed after telling a customer to wear a state-mandated face mask, police say https://t.co/MhnEoq1wbM
— CNN (@CNN) May 4, 2020


