Чурлинов повторно со мала минутажа во Бундеслигата

Фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK/POOL/DFL

Денеска се одиграа пет натпревари од 24 коло во најсилното германско првенство, Штутгарт на нашиот Дарко Чурлинов ремизираше на гостувањето кај Ајнтрахт Франкфурт со резултат 1:1.

Македонскиот репрезентативец Чурлинов после опоравувањето од повредата на носот се врати на терените во Бундеслигата.

Во 68 минута поведе Штутгарт со голот на Калајџик, но радоста на гостите траеше само една минута бидејќи домаќините брзо израмнија преку Костиќ во наредниот напад.

Чурлинов настапи од 87 минута како замена за Соса, за нашиот играч ова е вкупно шести настап.

На табелата Ајнтрахт е на четвртата позиција со 43 бодови, а 10 помалку има Штутгарт на деветтото место. Во другите мечеви: Борусија Менхенгладбах-Баер Леверкузен 0:1, Фрајбург-Лајпциг 0:3, Херта Берлин-Аугсбург 2:1 и Хофенхајм-Волфсбург 2:1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот