„Човекот Кен“ кој на операции потроши околу 700.000 евра: „Носот ми отпаѓа“ (ФОТО)

инстаграм

Родриго Алвес, кој го нарекуваат „Човекот Кен“, проговори за операциите и бројните козметички зафати кои ги направил на своето тело.

На операции бил вкупно 72 пати, а нивната вредност е околу 700.000 евра. Тој неодамна призна дека носот започнал да му отпаѓа по единаесетата ринопластика во јануари оваа година.

https://www.instagram.com/p/BxNkCG2lRu6/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=dlfix

„Резултатите од оваа операција на почетокот беа задоволителни, но сега ќе морам на уште една, а да бидам искрен, се плашам. Секоја идна операција е дополнителен ризик и се грижам дека докторите ќе неможат трајно да ми го поправат носот“, изјави Алвес.

https://www.instagram.com/p/B2TnWEhlFAD/

Колку е голема опасноста од толкавиот број на операции говори и тоа дека докторите го предупредиле дека ќе му се појави дупка на лицето доколку така продолжи.

https://www.instagram.com/p/BwfKHKzFFCy/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=dlfix

И покрај предупредувања, тој во текот на минатиот викенд отиде на уште една операција, тој вметна желудечен балон со цел да ја намали телесната тежина. Љубовта кон операциите во неговиот живот станала опсесија.

https://www.instagram.com/p/B2idfqHlVc1/

„Некогаш ова беше желба, а сега стана потреба. Јас сум човек како и сите други и имам чувства“, призна тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот