Чоколадно лудило: За точно 8 минути ќе го подготвите најкремастиот колач на светот (РЕЦЕПТ) – Слободен печат
ЕспресоХрана

Чоколадно лудило: За точно 8 минути ќе го подготвите најкремастиот колач на светот (РЕЦЕПТ)

Направете го овој рецепт уште денес и уживајте во неверојатниот чоколадно кремаст вкус кој ќе ве воодушеви.

Колач кој слободно може да го носи името – Чоколадно лудило, пробајте го уште денес!

Потребни состојки:

1 готова кора (може и пишкоти), 300 грама црно чоколадо за готвење, 500 грама маскрапоне, 200 мл слатка павлака, чоколадни трошки за украсување.

Подготовка:

Кората пресечете ја на два дела или наредете ги пишкотите во длабок плех обложен со хартија за печење. Чоколадото за готвење стопете го на тивок оган. Додека се топи, кората или пишкотите испрскајте ги малку со млеко или сок.

Добро изматете ја ладната слатка павлака со миксер. Во посебен сад со лажица изматете го маскрапонето, па додадете половина од изладената течна чоколада (никако не смее да биде топла). Измешајте, па додадете го остатокот од чоколадото и се добро соединете. Една четвртина оставете на страна, а остатокот измешајте го со 3/4 од сматената слатка павлака и убаво измешајте.

Кремот сипете го преку кората или пишкотите, израмнете, па со лажица наредете го кремот па слатката павлака. Со лажица лесно ставајте и посипете со чоколадни трошки.

Оладете, послужете и уживајте!

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close