Чкрипење на гуми, брзо возење, тетовските улици мегдан за „покажување мускули“

Возење над дозволената граница, чкрипење по асфалтот со гумите, улични трки, се најчестата глетка на тетовските улици. Ваквата слика е се почеста со доаѓањето на печалбарите за време на новогодишните празници и летниот период. Неретко тогаш се организираат и ноќни трки, реагираат тетовци.

Фото: Слободен печат

„Има навистина културни печалбари, но има некои кои најверојанто кога доаѓаат во својот роден крај народски кажано сакаат да се издуваат, па чкрипат со гумите и учествуваат во некои луди трки. Мора полицијата да биде повеќе на терен и да ги казнува ваквите несовесни возачи“, вели еден тетовец.

„Сега низ тетовските улици има илјадници возила, навистина е голем сообраќаен хаос, но и голема сообраќајна некултура. Се вози брзо, иако гледаат дека сообраќајната инфраструктура е за никаде. Можеби е подобро што има гужви по улиците, тоа барем придонесува да не се вози толку лудо“, додава друг тетовец.

Од Сообраќајната полицијата при Секторот за внатрешни работи Тетово, изминатава 2023 година ја оценија како една од најбезбедните со најмалку жртви на патиштата. Тоа како што велат е резултат на ажурноста на полицијата на самиот терен.

Пребрзото возење според полицијата и понатаму останува најчеста причина за сообраќајки, како и за казнети возачи.

„Број еден ни е брзината, неприлагодена брзина, и тука ни се најголемите мерки преземени во изминатиот период. Имаме околу 7400 прекршоци за брзо возење, што е импозантна бројка. Креирањето на сообраќајната култура зависи од сите нас, не е само на полицијата со казни да создава култура со репресија. Треба сите да влијаеме на тоа, сите општествено одговорни фактори, а правните лица за одржување на патиштата за изградба на инфраструктура треба да посветат малку поголема влијание. На полето на безбедноста на сообраќајот можам да кажам дека е една од најбезбедните години во изминатите години наназад и можеме да кажеме дека изминатата 2023 година ја завршивме само со една жртва во сообраќајот за разлика од претходните години кога имавме 4, 8, 12 и така натаму. Сето ова се должи на упорната работа, на пожртвуваноста на оваа полициска станица и полицајците кои несебично го дадоа својот труд за да се постигне она што се постигна. Можам слободно да кажам дека мерките кои континуирани ги преземаме во изминатиот период дадоа резултат и сè уште даваат резултати кои се видливи“, изјави рече Зоран Талев командир на Сообраќајната полиција при СВР Тетово.

Пешаците според Талев највеќе страдаат на тетовските улици.

„Во 2023 година имало 856 сообраќајни незгоди, а освен една жртва имало и тешко повредени 13 возачи, 19 патници, 17 пешаци и 18 мотоциклисти и велосипедисти. Во 2022 година имало 805 сообраќајни несреќи со вкупно 8 човечки жртви, а тешко повредени биле 13 возачи, 14 патници, 25 пешаци и 12 мотоциклисти и велосипедисти.Слободно можам да кажам дека најранлива категорија се пешаците. Ние континуирано преземаме мерки кон возачи коишто не ги почитуваат правила во сообраќајот. Не пропуштаат пешаци на пешачки премин и не внимаваат на светлосно-сигнални уреди“, рече Талев.

Неодамна градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами вината за сообраќајниот хаос ја префрли кај сообраќајната полиција која според него недоволно е ажурна на терен. Од СВР Тетово пак одговорија дека напротив нивното се почесто присуство на терен придонесува за ублажување на сообраќајниот хаос на тетовските улици.

Секој дел од градот е во тотоален сообраќаен хаос. Узупирани тротоари со паркирани возила, непрописно паркирани автомобили на сообраќајниците што го загушува и онака загушениот сообраќај.За поминати два километри треба да возите половина час. Но, тетовци и покрај ваквата состојба не се откажуваат од своите возила и се поретко се одлучуваат да одат со градски автобус, пеш или со велосипед.

ФОТО: Тетово во сообраќаен колапс, Касами прстот го впери во полицијата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот