Чизми до глужд, Брижит Макрон ги обожава: Одлично одат со фустан, панталони и здолниште! (ФОТО)

Profimedia
Фото: Профимедиа

Брижит Макрон при посетата на едно училиште во Париз за поддршка на Европската асоцијација за леукодистрофија повторно воодушеви со нејзиниот префинет стил.

Првата дама на Франција разговараше со студентите за подигнување на свеста за менталните болести, а како поранешен професор им даде и диктат.

Фото: Профимедиа

И за оваа пригода, Брижит Макрон се држеше до својот препознатлив моден стил, кој е комбинација на лежерен и деловен изглед. Француската прва дама носеше комплет кој се состоеше од струкирано пепито палто со големи златни копчиња и елек од истиот дезен што го носеше на обична бела маица.

Покрај тесните црни панталони, таа носеше и црни глам-рок стил чизми до глужд, стилизирани со два металик златни ремени со копчиња и висока блок потпетица.

Фото: Профимедиа

Овој модел на чизми до глужд не е типичен избор на чевли кај првите дами, но Брижит Макрон, како и секогаш, направи да изгледаат фантастично. Удобен модел на чизми што може да се носи во најразлични модни комбинации од фармерки и панталони до фустани и здолништа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот