„Чистка“ во италијанскиот фудбал: После Јувентус, и Наполи би можел да биде казнет?!

фото: EPA-EFE/CIRO FUSCO

Обвинителот на Фудбалската федерација на Италија, Џузепе Кине, подготвил налог за собирање документи од Наполи во врска со трансферот на Виктор Осимен од Лил, соиграчот на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Во 2020 година Нигериецот се пресели во Неапол за 75.000.000 евра и во меѓувреме стана еден од најдобрите напаѓачи во Италија и Европа.

Осимен е еден од најзаслужните што „наполитанците“ по долго време имаат шанса да ја освојат титулата во Серија А. Сезонава до сега во шампионатот има 13 голови од 15 настапи.

Во трансферот кој го реализираше во годината обележана со пандемијата на ковид-19, потенцијално има одредени неправилности, пренесува „Калчомеркато“.

Обвинителот на Џузепе Кине, кој учествуваше во казната што ја доби Јувентус, подготвен е детално да го истражи трансферот на нигерискиот напаѓач. Се верува дека финансиската сметка е лажна, а доколку се покаже дека е вистина, Наполи би можел да се соочи со сериозни последици.

Јувентус ќе си ги бара назад одземените бодови

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот