Јувентус ќе си ги бара назад одземените бодови

Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Вчеравчер во Торино пристигна вистински шок откако Серија А потврди дека на Јувентус ќе му бидат одземени 15 бодови.

Федералниот апелационен суд на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) најпрвин одржа рочиште во врска со повторното отворање на случајот за измама во Јуве, а потоа донесе одлука Јувентус да биде казнет со одземање на 15 бода на овој шампионат.

Се зголемија бараните казни за екс членовите на управата на тој гигант, па ќе бидат суспендирани од фудбалот: поранешниот директор Фабио Паратичи на две ипол години (обвинителите побараа 20 месеци и 10 дена), поранешниот претседател на Јуве, Андреа Ањели и поранешниот извршен директор Маурицио Аривабене по две години (побарани беа 16, односно 12 месеци), а поранешниот потпретседател Павел Недвед осум месеци.

Од Јувентус потврдија дека ќе биде испратен приговор до Спортскиот Суд на Олимпискиот Комитат на Италија за ваквата одлука. Целиот скандал во јавноста за првпат се појави откако дел од фудбалерите си ги побараа ветените пари кои официјално не биле вклучени во договорите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот