Чистиот Штип со денови е со загаден воздух, во Струмица состојбата е сериозна

Принтксрин

Не се намалува загадувањето на водухот во сите градови во Македонија. Дури и во Штип, каде вообичаено нема аерозагадување, веќе десетина дена граѓаните дишат ситни честички ПМ10 во концентрации што се двојно или тројно повисоки од безбедните 50 микрограми на кубик воздух.

Особено се загрижувачки бројките за Струмица, каде, пак, дури 14 дена без прекин трае епизодата со среднодневни вредности на ПМ10 од над 150 микрограми на кубик возух, а во оваа опасна епизода дури пет дена едно по друго, од 23 до 27 декември,среднодневната концентрација на ситни честички беше над 200!

ИЈЗ им порачува на граѓаните во Берово, Гостивар и Тетово: Останете дома, воздухот е екстремно лош

Рекордот е постигнат на 24 декември, со дневна вредност од дури 274 микрограми на кубик воздух.

За штипјани вчерашниот ден е со неславниот рекорд за сезонава, а вредноста на ПМ10 беше 171 микрограм, според мерната станица на лабораторијата АМБИКОН на Универзитетот „Гоце Делчев“, која не е дел од Државниот мониторинг на квалутетот на воздухот на Министерството за животна средина.

Ректорот на Универзитетот Дејан Мираковски, кој ја раководи лабараторијата вели дека зголеменото загадување со суспендирани честички е опасно за сите категории на граѓани.

Штип ретко е меѓу загадените градови, а деновиве максимумот е 150 до 171 микрограми дневна вредност измерена и тоа е многу над дозволеното. Граѓаните треба да внимаваат согласно препораките на здравствените власти, а особено луѓето коишто се поосетливи на респиратни заболувања, повозрасните, децата, да го ограничат движењето во овие временски услови вели Мираковски за МИА.

Штип досега имаше најчист воздух во земјава, но веќе една недела ни таму нема ветер, а има појава на густа магла, која не е карактеристична за овој град.

Мираковски потенцира дека греењето на дрво на домаќинствата е причината за зголеменото загадување на воздухот.

– Сите градови покажуваат екстремни пикови на загадување кога е стабилна атмосферата, што значи имаме многу повеќе емисии, отколку што сме имале минатата година и дефинтивно причина е енергетската криза, односно промената на горивата што ги користи населението вели Мираковски.

Вчера претпладне во сите градови во Македонија каде има мерни станици од Државниот мониторинг имаше опасно ниво на загадување со опасните ситни ПМ10 честички и уште попасните и поситни ПМ2,5 честички. Но, и покрај високите часовни концентрации Министерството за животна средина ги укина мерките за алармирање што претходно беа прогласени во Тетово и во Битола, затоа што во овие два града среднодневната вредност вчера беше под 150 микрограми на кубик и со тоа престанаа условите за аларм. Денеска „алармот“ на Министерството за животна средина важи само во Гостивар и во Струмица.

Мерните станици во Скопје од пред некое време повторно се отчитуваат на сајтот на Минисрството и граѓаните можат да видат клку е загадено во нивниот реон. На сајтот уште нема податоци од Кочани, Гевгелија и од Куманово, кое важи за град со многу загаден зимски воздух.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот