Четворица повредени во карамбол на скопската обиколница

На автопатот „Мајка Тереза“, во атарот на скопското село Буковиќ, се случила сообраќајна незгода во која учествувале „фиат сеиченто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Д. (43) од Трубарево, „фолксваген голф“ со тетовски ознаки, управувано од А.С.(26) од Ново Село и камион „пежо бипер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Д.(44) од Скопје.

Во незгодата, тројцата возачи, како и сопатничката во „пежото“, Е.Р.(36) од Скопје, се здобиле со повреди.

Ј.Д. и А.Д. се здобиле со тешки телесни повреди и со возило на Итна помош се пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“, додека  А.С. и Е.Р. се здобиле со телесни повреди и биле пренесени во градската општа болница „8 Септември“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот