Четворица мажи обвинети за кражба на златна тоалетна школка вредна 4,8 милиони фунти

Златна тоалетна школка украдена во Англија / Фото: Gbs/Ropi / Zuma Press / Profimedia

Четири мажи се обвинети за кражба на тоалетна школка од 18 каратно злато, проценето на 4,8 милиони фунти, кое исчезна од палатата Бленхајм во Велика Британија во септември 2019 година, пишува Гардијан.

Златната тоалетна школка е уметничка инсталација наречена „Америка“ и беше дел од изложбата на италијанскиот концептуален уметник Маурицио Кателано.

Кралското обвинителство вчера соопшти дека одобрило кривични пријави против четворицата мажи, кои ќе се појават во Судот на Оксфорд на 28 ноември.

Тоалетната школка, која можеше да се користи со временско ограничување од три минути за да се избегнат редици, беше изложена само два дена пред да биде украдена.

Тоалетната школка била поставена како уметничко дело во палата во Оксфордшир, родното место на Винстон Черчил, кога исчезнала. Бидејќи тоалетната школка беше инсталирана во тоа време, нејзиното отстранување предизвика поплави и оштетување на прекрасната куќа од 18 век, која се води како светско наследство на УНЕСКО во Вудсток.

Во 2016 година, златната тоалетна школка беше поставена во музејот Гугенхајм во Њујорк, каде што 100.000 луѓе чекаа да ја користат.

Четворицата обвинети за кражба на златниот тоалет се Џејмс Шин (39) од Велингборо, Мајкл Џонс (38) од Оксфорд, Фред До (35) од Аскот и Бора Гукук (39) од западен Лондон. Шин е обвинет за кражба, пренос на имот и заговор за извршување на тие злосторства, соопшти полицијата. Џонс е обвинет за кражба, Доу и Гучук се обвинети за заговор за пренос на имот. Четворицата обвинети треба да се појават во Судот на Оксфорд на 28 ноември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот