Четири причини за двапати во денот добро да се истегнете: Физиотерапевтите тврдат дека ова е спас, особено за жените!

Profimedia
Природната положба на рацете е надолу, но според физиотерапевтите, многу е корисно во текот на денот да ги подигнете рацете над главата и тоа неколку пати… Прво, со подигнувањето на рацете над главата, гастроинтестиналниот тракт станува помалку искривен, што го олеснува брзото поминување на храната. Второ, со истегнувањето на рацете, спречувате тие да висат, односно да се клатат. Опуштените раце го деформираат `рбетот, поради што се развиваат остеохондроза и други болести. Подигнувањето на рацете му овозможува на `рбетот да се истегне и да развие флексибилност. Трето, со текот на годините органите од градниот кош и стомачната празнина се спуштаат и се поместуваат од своето природно место. На пример, постоти таков израз кој се нарекува „лежечко срце“. Ова се однесува и на другите органи. Покрај тоа, кога органите ќе се спуштат, поместат, стомакот се опушта, а мускулите слабеат. Со подигнувањето на рацете силно нагоре, ги затегнувате и стомачните мускули.
Profimedia
Четврто, добро е да се подигнат рацете не само по јадењето, туку и по пиењето вода. Во тој случај, водата не се задржува во телото. Брзо поминува низ цревата, ги мие сите токсини што се лепат за внатрешните ѕидови. Дваесет или триесет минути пред оброкот испијте околу две чаши вода и протегнете се убаво. Ова е особено корисно за оние кои страдаат од запек. Рацете подигајте ги високо над главата, спојте ги малку и истегнете се на прсти. Одете неколку секунди со така подигнати раце и истегнато тело се додека целосно не се истегнете.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот