Четири намирници кои многу жени избегнуваат да ги јадат во текот на бременоста, но не треба

Фото: Pxhere

Идните мајки често ги мачи прашањето – што да јадат во текот на бременоста?

Тие не се сигурни дали целата храна е безбедна и дозволена и се прашуваат дали тоа што го јадат може да му наштети на нероденото бебе. Сето ова се вообичаени прашања меѓу трудниците, но во повеќето случаи нема причина за грижа, тврди нутриционистката Шарлот Стирлинг Рид.

Таа за британски „Сан“ објаснила дека жените често „паѓаат“ на митови и непотребно се ограничуваат и наведе кои четири намирници не треба да ги исфрлите од исхраната додека сте бремени, бидејќи се безбедни доколку се консумираат правилно.

Кафе

Ако ги следите безбедните упатства за внесување на кофеин до 200 милиграми дневно, нема причина да се откажете од утринското кафе.

„Важно е да го знаете вашиот дневен лимит бидејќи редовното консумирање премногу кофеин може да го зголеми ризикот од компликации при породување“, забележала Стирлинг Рид.

Суши

Ако сакате суши, слободно јадете го, но внимавајте рибата да е сварена.

„Сировите риби и сировите школки не се препорачуваат во текот на бременоста поради ризикот од присуство на листерија. Ова може да биде штетно за нероденото бебе, а може да му наштети и на здравјето на мајката“, вели нутриционистката.

Трудниците имаат десет пати поголема веројатност да добијат листериоза (инфекција предизвикана од бактеријата листерија) отколку општата популација, според Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ). Симптомите вклучуваат повраќање и дијареја (пролив), а во ретки случаи може да доведат до спонтан абортус или предвремено породување.

Кикиритки

Постои мит дека трудниците не треба да јадат ореви, но Стирлинг Рид тврди дека тоа не е така.

„Се препорачува да избегнувате кикиритки или јаткасти плодови само ако сте алергични на нив“, рече таа.

Јајца

Конечно, јајцата, кои пред неколку години стекнаа репутација на забранета храна за време на бременоста, всушност, се безбедни за јадење, вели Стирлинг Рид.

„Јајца може да се консумираат. Сировите јајца носат мал ризик од салмонела, која што може да предизвика трудницата да се разболи поради труење со храна, но тие генерално не се проблематична храна“, заклучува таа.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот