фото: Рixabay.com

Европските челичарници бараат заштита: Запрете го челикот од Кина и Индија во ЕУ-тендерите

Европската челична индустрија побара Законот за индустриски акцелератор, кој треба да биде презентиран следната недела, да се прошири за да го вклучи челикот во опсегот на приоритетот за користење локално произведени материјали. Според предлогот, „локален“ треба да се однесува на земји блиски до ЕУ, како што се Велика Британија и Норвешка, додека земји како Индија, Кина и други од Блискиот Исток и Северна Африка треба да бидат исклучени, објави Ројтерс.

Законот за индустриски акцелератор им дава приоритет на производите произведени во ЕУ при користење јавни пари и опфаќа клучни сектори како што се батерии, сончева енергија, производство на водород, нуклеарна енергија и електрични возила. Иако не е јасно дали челикот ќе биде вклучен, извршниот директор на Еурофер, Аксел Егерт, нагласи дека тој треба да биде задолжителен за секторот за челик со ниска содржина на јаглерод, со цел да се поттикнат инвестициите во декарбонизација.

Додека некои производители на автомобили и индустрија бараат проширување на законот, челичната индустрија бара одредбата „Произведено во Европа“ да се фокусира на создавање одржлив сектор во рамките на ЕУ, со цел намалување на прекумерниот капацитет и зголемување на конкурентноста, пренесува Танјуг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот