„Чекориме за правда“: Народот е желен за правда – на ред е ЕУ

Маршот „Чекориме за правда“ помина во мирна атмосфера, со над 10.000 луѓе кои излегоа на улиците. Целта на Маршот беше Македонија конечно да стави крај на судските процеси кои се водени од СЈО, а сега преземени од Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Во Утрински брифинг на „Слободен печат“ атмосферата од маршот ја пренесе новинарот Војо Мојсовски, според кого Маршот симболично именуван како „Чекориме за правда“, поминал во т.н академска атмосфера, мирно и достоинствено и тоа ја прави разликата помеѓу протест и марш.

Инаку на Маршот учество земаа челниците на владејачката СДСМ, како лидерот на партијата Зоран Заев, првиот човек на невладината Цивил Џабир Дерала, како и други општествени фигури – заедничка порака на сите е – народот е желен за правда и дека на ред е Европската Унија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот