Чехинката го покори Париз: Крејчикова е новата „кралица“ на Ролан Гарос!

epa09260741 Barbora Krejcikova of Czech Republic celebrates after winning her women's singles semifinal against Maria Sakkari of Greece at the French Open tennis tournament at Roland Garros in Paris, France, 10 June 2021. EPA-EFE/YOAN VALAT

Чешката тенисерка Барбора Крејчикова и Русинката Анастасија Пављученкова се сретнаа во денешното финале во женска конкуренција на „Ролан Гарос“, а после голема борба славеше Крејчикова со резултат 2:1 во сетови 6:1, 2:6 и 6:4.

За моментно 33 тенисерка во светот ова е прва грен слем титула во кариерата, а до истата дојде за скоро два часа игра. На стартот од мечот Пављученкова веднаш направи „брејк“ и дојде до водство од 1:0, но потоа следуваше доминација на Крејчикова.

Чехинката успеа трипати да дојде до „брејк“, ги освои своите три сервис гема со шест врзани освоени гемови стекна позитива од 1:0 во сетови. Руската натпреварувачка скоро со иста мера возврати и освојувае вториот сет со 6:2, но имаше и проблеми со повреда по што побара и медицински тајм-аут.

Во третиот сет Крејчикова прва дојде до „брејк“, но веднаш возврати Пављученкова. Новиот „брејк“ Крејчикова го направи при резултат 3:3, што беше и клучен „брејк“ во мечот. Истиот го одржа и дојде до победата.

В недела од 15.00 часот ќе стартува и машкото финале помеѓу Новак Ѓоковиќ (Србија) и Стефанос Циципас (Грција).

Тенискиот свет во шок после мечот Ѓоковиќ-Надал: Дали го играме истиот спорт?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот