Центар со помош на полицијата ќе се справува со вандализмот и со прегласната музика

Фото: Општина Центар

Општина Центар ќе добие полициска помош во справување со вандализмот, со прегласната музика од кафулињата и угостителските објекти и со сообраќајниот хаос во општината. Градоначалникот Горан Герасимовски, на негова иницијатива, остварил средба со началникот на СВР – Скопје Сашо Топаловски на која договориле конкретни чекори за регулирање на јавниот ред и мир, сообраќајот, гласната музика и враќање на мирот во деловите од општината што се мета на хулигани и вандали.

Во наредниот период ќе има зачестени полициски патроли и засилено полициско присуство не само во Капиштец туку и на останатите локации во општината каде тоа е потребно. Се договоривме и за полициска асистенција во акциите што ги преземаат нашите инспекциски служби како и на новата ноќна смена на работа на Пајак службата на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ во деновите пред и за време на викендите на фреквентните места каде се лоцирани најпосетените локали и дискотеки – информира Герасимовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот